Дива лига: Затворската полиција стравува од осоколените криминалци низ ќелиите

t

Попуштија челичните нерви на затворската полиција од Казнено-поправниот дом „Идризово“ крај Скопје. Тие вчера пред оваа установа организираа протест на кој побараа надлежните, нивните „шефови“ од Министерството за правда да им ги слушнат маките и заедно да изнајдат решение за наталожените проблеми за кои досега ниту една влада не презела нешто. Нивниот протест уследи по палењето на автомобилот на командирот на службениот паркинг во најголемиот затвор во Македонија, но и по полициската акција во „Идризово“ кога од затвореници беа запленети 50-ина мобилни телефониножевидрога, па дури и оружје.

– Бараме од надлежните, односно МВР, најсериозно да го сфатат овој проблем и што е можно побрзо да го откријат сторителот на ова кривично дело. Јавно го повикуваме министерот за правда г. Тупанчевски, ако може да одвои еден час од работното време, да нè повика нас како синдикат, да му ги објасниме нашите проблеми, безбедноста при вршење на затворската полиција и условите за работа. Луѓето се веќе осоколени против униформата и ние едноставно сме во голем проблем. Не само ние, самите граѓани во оваа држава ќе имаат голем проблем. И ќе се случи, не дај Боже, прашање со кое, ќе има тепање по улици. Зовриено е веќе кај многу поединци. Ако ние овде 50 луѓе не можеме да се справиме со нешто што веќе е осудено и што веќе е во затвор, па што да кажеме за обичен граѓанин – вели Александар Спасовски, претседател на Независниот синдикат – Затворска полиција „Идризово“.

Од Синдикатот велат дека службениците што работат спротивно на законите треба да одговараат.

– Затворските полицајци со овој капацитет не можат да се справат со големиот обем на работа. Службениците не може да бидат виновни. Затворскиот полицаец е жртва на системот затоа што им се врзани рацете! Што може да направи затворскиот полицаец, да преземе дејство со кое утре ќе влезе во поголем проблем – прашува Гоце Делчев-Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.

Токму во најголемиот македонски затвор на 14 јуни рано наутро беше извршен претрес во триесетина ќелии каде што беше пронајдено дрога, оружје, мобилни телефони и многу пари. Најголем број од пронајдените предмети полицајците ги откриле кај затвореници од терористичката група осудена за случајот „Диво насеље“. Акцијата на МВР следува по само два дена откако во „Идризово“ била пријавена тепачка во која се користеле и ножеви.

– Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено-поправната установа – КПУ „Идризово“ каде што биле претресени 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога – соопшти еден ден по полициската акција министерот за правда Никола Тупанчески.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

Владата назначи нови директори на затворите низ…

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна…

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…

Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…

Полицијата досега уапси три лица во Србија…