Див Запад – Влегол со пиштол во продавница и пукал во брачен пар: Пукање во струмичко

t

Околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско.

Тој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46).

Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Див Запад – Влегол со пиштол во…

Околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР…

ИСЧЕЗНА 25-ГОДИШНА МАКЕДОНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Седум дена…

Во местото Бад Завештајн во близината на…

Хаусмајстор паднал од скала во градинка во…

Додека менувал сијалици во објект на градинката…

„Гардијан“ по трагата на трговија со органи:…

Патуваа ноќе, нешто што изгледаше како да…

Македонски државјанин уапсен поради обид за грабеж…

24-годишен македонски државјанин во вторникот вечерта влегол…