ДИК ги објави резултатите: Ѓукановиќ е фаворит пред вториот круг
Државната изборна комисија на Црна Гора на вечерашната седница ги утврди привремените резултати од првиот круг од претседателските избори што се одржаа вчера во Црна Гора.
Според привремените резултати на ДИК, од 100 отсто обработени гласови, актуелниот претседател на Црна Гора и Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ освоил 35,37 отсто од гласовите (или 119.673 гласови), заменик претседателот на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ 28,92 (97.858) и еден од фаворитите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, 19,32 отсто (65.386).
Лидерот на демократите Алекса Бечиќ освоил 11,10 отсто (37.562), пратеникот на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ 3,15 отсто (10.669), претседателот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ освоил 1,38 отсто (46, додека независниот кандидат Јован Радуловиќ освоил 0,76 отсто (2.574).
ДИК утврдил дека вкупниот број на важечки ливчиња на изборите изнесувал 338.381, пишува Вијести.
Ѓукановиќ и Милатовиќ се пласираа во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 2 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема победа на СНС во Белград: Листата…
Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…
Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…
Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…
Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…
Владата одлучи: 24 април и 8 мај…
На 16. седница, Владата заклучи 24 април…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…