Објавено на:

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико: Убиени се 37 кандидати за политички функции

t

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат утре, се најкрвавите во модерната историја на земјата бидејќи бројот на убиени кандидати за политички функции се искачи на 37.
Хорхе Уерта Кабрера, кандидат за советничко место во градот Изукар де Матаморос во државата Пуебла, е убиен на митинг во петокот, соопшти државното обвинителство.
Ова е една жртва повеќе отколку за време на изборите во 2021 година, според податоците на консултантската компанија „Интегралија“, објави Ројтерс.


Досега имало 828 напади врз кандидати, што е драматично зголемување од 749 во понеделникот. Аналитичарите велат дека моќните нарко картели и често корумпираните локални власти ја зголемуваат опасноста со која се соочуваат кандидатите.
На изборите Мексиканците ќе избираат претседател на државата, членови на Конгресот и претставници на локалните власти.
Клаудија Шајнбаум од владејачката партија Движење на националната преродба (Морена) се очекува да победи и да стане првата жена претседател на Мексико, заменувајќи го Андрес Мануел Лопез Обрадор во заминување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет тела обесени на мост во Мексико,…

Десетмина мажи кои биле киднапирани се пронајдени…

(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…

На границата меѓу американската држава Калифорнија и…

САД најавуваат нови царини кон Канада и…

Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…