ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303, а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК.
За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од општинските изборни комисии. Од нив вкупно осум листи за градоначалник се во процес на отстранување на неправилностите, а 20 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје.
Од доставените листи, отфрлени се вкупно пет листи за градоначалник на општина и тоа по една листа за општините Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.
– По завршување на процесот на потврдување на кандидатските листи, следува ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати која ќе се одржи на 25 септември 2025 година, најавува Државната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на…
Според статистиката добиена во Државната изборна комисија,…
Хаос на улиците во Милано: Повредени околу…
Немири избувнаа во Милано за време на…
Шкотска го повикува Обединетото Кралство да преземе…
Првиот министер на Шкотска, Џон Свини, денеска…
Скопјанец осомничен за семејно насилство – прво…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и…
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, отворајќи ја…