Шкотска го повикува Обединетото Кралство да преземе дополнителни чекори по признавањето на Палестина
Првиот министер на Шкотска, Џон Свини, денеска го поздрави признавањето на Палестина од страна на Обединетото Кралство и ја повика владата во Лондон да оди подалеку.
Свини, на настан во палестинската мисија во Лондон, изјави дека Обединетото Кралство треба да воведе санкции против членови на израелската Влада, да се повлече од договорот за слободна трговија со Израел и да ја прекине целата воена соработка со Израел, јави ДПА.
Тој, исто така, повика Обединетото Кралство да се приклучи на тужбата на Јужноафриканската Република против Израел пред Меѓународниот суд на правдата и да се обврзе на извршување на налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд.
-Ова е историски момент за народот на Палестина што требаше да се случи одамна, рече тој. – Бев јасен дека признавањето на Државата Палестина од страна на Обединетото Кралство требаше да биде безусловно, но оваа одлука претставува чекор кон признавање на сериозната и историска одговорност на Обединетото Кралство кон сите народи во регионот. Иако оваа најава е добредојдена вест, ова е само првиот чекор кон воспоставување на решение со две држави. Ја повикувам владата на Обединетото Кралство да преземе дополнителни чекори за забрзување на мирот, вклучувајќи ги и продолжувањето на повиците за итен прекин на огнот и обновување на слободниот проток на помош, посочи Свини.
-Меѓународната заедница мора да ја вложи сета енергија за да го убеди и да врши притисок врз Израел да го запре насилството и да се врати на мировниот процес. Решението со две држави е единствената опција што може да обезбеди мир, просперитет и безбедност и за Државата Палестина и за Државата Израел. Хамас не смее да има никаква улога во иднината на палестинската држава. Последователно и недвосмислено ги осудував бруталните терористички напади извршени од Хамас во октомври 2023 година и се придружувам на меѓународната заедница во барањето за итно и безусловно ослободување на сите заложници. Шкотска стои со народот на Палестина и со сите во регионот кои копнеат по мир, и ќе продолжам да правам сè што можам за да ги поддржам оние што страдаат во Газа и на Западниот Брег, истакна шкотскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…