Димитриевски има големи планови за паметно Куманово
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, заедно со градоначалниците на градот Скопје, општините Штип, Тетово, Битола, Струмица и Берово на покана на Амбасадата на Република Чешка денеска учествуваше на форумот „ЕУ – Западен Балкан: Економски форум за паметни градови“ што се одржува во Прага.
Со имплементација на современи технологии во ЈП „Водовод“ обезбедивме поефикасно работење на претпријатието. Со имплементација на модерно ЛЕД осветлување со смарт систем Општина Куманово доби квалитетно осветлување со кое овозможивме подобар квалитет на светлина, модерен начин на управување и следење на дефекти и направени се значителни заштеди во потрошувачката, што се покажа од витално значење во условите на енергетска криза. На веб-страницата на Општината достапни се линкови до ГИС – Географски информациски систем, мерни станици за квалитет на воздух, Е-Совет, Е-наплата во ЈП “Чистота и зеленило”, во ЈП “Водовод”, во Градинка “Ангел Шајче”, во ЈОУ “Зафир Сајто” и други услуги, со тенденција за нивно подобрување, проширување и унапредување, потенцира Димитриевски.
Тој посочи дека имплементацијата на современи и паметни технологии ќе остане приоритет на Општина Куманово, по примерот на добрите практики на другите европски градови.
Фокусот на форумот е ставен на развој и имплементација на концептот на паметни градови, дигитализација и зелена агенда, како и позитивни примери, искуствата и know-how на градовите од ЕУ во примена на овој концепт, неговата важност и улога во идниот развој на општините и директниот бенефит кој го има за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…
МААЕ: Зголемено е зрачењето во нападнатиот ирански…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…