Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

t

Во Собранието е поднесена Предлог одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите, а министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање рече дека тоа не се прави дека нема пари во Фондот за здравство за исплата на породилното отсуство.

– Јас не знам дека се доцни за породилно два месеци, ниту пак имам таква информација. Напротив, Фондот за здравство секогаш дава приоритет на исплата на овие средства. Секогаш некој може да каже нешто дека на него лично му се случува.Можеби тоа е некоја родилка што тукушто се породила, па поради процедурата со документиоте може да се доцни месец,или два. Треба да ги видиме оние другите кои што се во систем, па да видиме дали им доцни или не., рече министерката.

Димитриеска-Кочоска додаде дека вообичаено е на крајот на една година да се направи прераспределба на средства од буџетот и дека поголем дел од средствата од 200 милиони евра што ќе се пренаменуваат, ќе оди за „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Во Собранието е поднесена Предлог одлука за…

(Видео) Макрон трча, кинеските полицајци го бркаат…

За време на државната посета на Кина,…

Бугарската опозиција поднесе барање за гласање недоверба…

Опозициската формација „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ)…

Филипче ќе објавува нови „бомби“ за корупција…

Опозициската СДСМ стартува со нови бомби за…

Донесени измените на законот за градење, приклучување…

Собранието попладнево во рамки на 72. седница…