Филипче ќе објавува нови „бомби“ за корупција во власта, бара помош од обвинителката Ковеши

t

Опозициската СДСМ стартува со нови бомби за корупција во кои како што рече денеска лидерот на партијата Филипче ќе обелоденуваат нови афери во кои се вклучени владини функционери.

Докази со документи од Бихаќка ќе бидат презентирани и јавно преку пресконференции а најавија и дека ќе бараат поддршка и од државните институции но и дека ќе ја повикаат европската обвинителка Лаура Ковеши да се ангажира во истражувањето на наводи за злоупотреба на Европските фондови или попознати како Ипард програмата .

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак ваквиот чекор на Филипче го оценија како политичка иронија обвинувајќи ја токму СДСМ дека како што велат и нивното претходно и актуелно раководство најмалку имале право да говорат за правда и дека тие како што додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Манасиевски биле главниот извор на криминал и корупција .

Лидерот на СДСМ Венко Филипче веќе и за утре најави нова бомба на таканаречениот фронт но и формирање на партиско антикорупциско тело во кој ќе има советници правни експерти но и млади истражувачи кои ќе ги анализираат документите но и ќе поднесуваат пријави до домашни и меѓународни институции .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…