Димитров: Бугарија не ја држи заклучена вратата кон ЕУ за Македонија, клучот е кај нив
” Бугарија не ја држи заклучена вратата кон ЕУ за С. Македонија, клучот е кај нив. Бегањето од вистинскиот дијалог и очекувањето дека кон Бугарија ќе биде направен притисок за да ја промени својата одлука, нема да доведе до позитивен исход“, изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на историската комисија.
„Несериозниот однос кон историјата, создавањето митови се типични за разни македонски организации, но се несериозни“, вели Димитров за „NOVA NEWS“.
Оваа недела Вселенската патријаршија ја призна Македонската црква како Охридска архиепископија.
„Скопје ќе се обиде да ја искористи оваа одлука во своја полза, но самиот чин на паѓање на шизмата, сè уште не автокефална, не значи дека Вселенската патријаршија автоматски признала автономна македонска црква“, рече Димитров.
„Со вешта црковна дипломатија можеме да искористиме јасно и категорично поставување на историските темели на Охридската архиепископија“, додаде тој.
Професорот Димитров се надева дека можеби „нашите соседи почнуваат да сфаќаат дека промената мора да дојде од нив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…