Димитров инсистирал пак да се отвори прашањето за Гоце Делчев

t

Шефот на бугарскиот дел на Заедничката историска комисија со Северна Македонија Ангел Димитров изјави дека нема никакви промени во неа. Тие што не се во неа, доброволно си заминале и не се сменети.

Тој во изјава за БНТ, најави дека како одговор на новата енергија во билатералните односи, се планира поголема динамика и во нивната работа. До средината на мај треба да има три состаноци. Првата средба на историчарите за 2022 година ќе биде на крајот на февруари, вели Димитров.

-Имаме искуство, знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без посебни очекувања. Ние сме во средниот век, уште сме на материјата што се учи во основно училиште, се уште не сме стигнале до она што се учи во средно, а работиме три и пол години. Сето тоа е поради неподготвеноста на нашите колеги да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа започнува во средниот век. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работа на Комисијата, посочува Димитров.

Димитров вели дека инсистирал разговорот за Гоце Делчев повторно да се отвори, додавајќи дека, за жал тоа ќе биде пред Мешовитата комисија по одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Делчев.

-Кога зборувавме како да подготвиме еден текст до владите за заедничко чествување, колегите од РСМ тргнуваат од современоста кон минатото, од нивната претстава за Гоце Делчев, вез да се зборува за него во неговото историско време. Тој пристап не е историски. Ние предлагаме прво да се оцени една личност во неговото историско време и оттаму да се дојде до неговото значење за сегашноста, објаснува Димитров и додава дека не очекува нешто што ќе направи голем пресврт во работата на Комисијата.

Димитров истакнува дека не очекува ништо што ќе предизвика голем ентузијазам во работата на Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…