Димна завеса на СДСМ – И после Заев, Заев: Дали се ќе биде исто само него ќе го нема?
ДИМНА ЗАВЕСА…
После веќе извесното заокружување на процесите на трансфер на функции во СДСМ, таа партија треба да одговори на следните прашања:
1. Дали се согласува со досегашната политика спрема соседна Бугарија?
2. Дали се согласува со политиката на дестимулација на странски директни инвестиции?
3. Дали ќе превземе чекори за намалување на државниот апарат? (кој за четири години е зголемен за скоро 30.000)…
4. Дали ќе се извини за насилниот процес на промена на Уставот и уставното име во Собранието на Република Македонија?
5. Дали ќе ја продолжи праксата на политички реваншистички судски случаи?
6. Дали ќе ја одложи примената на законот за зголемување на даноците?
7. Дали ќе ги врати законските одредби за поголема контрола на јавните набавки?
8. Дали ќе влезе во сериозна војна со нарко картелите низ Македонија?
9. Дали планира промена на политиката во правец на зголемување на капиталните расходи од Буџетот на Република Македонија, кои ги десеткуваа овие години?
10. Дали ќе се извини за “реформите во образованието” на Мила Царовска?
11. Дали ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност во случаите тетовска болница и Беса-травел?
12. Дали некој ќе сноси одговорност за скоро дупло намаленото производство на електрична енергија во државните енергетски капацитети?
13. Дали ќе го спроведат ветувањето за една изборна единица?
14. Дали некој ќе сноси одговорност за запрената градба на Клинички центар во Скопје и Клиничка болница во Штип?
15. Дали ќе продолжи праксата на “европско знаме” за криминални закони во Собранието на Република Македонија?
Без адекватни одговори на овие 15 прашања и на ним слични, запрете ги рекламните настапи за “нови лица” и “нови политики”, бидејќи ќе остане само суровата реалност дека оваа промена во СДСМ ќе е димна завеса за затскривање на катастрофите кои СДСМ ги направи во минатите скоро 5 години, пишува на Фејсбук екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…