Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот аеродром

t

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови. Тоа ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Министерот за транспорт, на денешната Конференција во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, посочи дека тоа ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување на нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.

-Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор, рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.

Тој нагласи дека станува збор за клучен сектор кој има огромно значење за Министерството за транспорт и за Владата.

-Највисоките стандарди мора да се применуваат во вашата професија, бидејќи не се дозволени грешки и не е дозволен никаков волонтеризам. Токму затоа ние сакаме да ги поддржиме нашите домашни, но и интернационални професионалци во овој сектор, посочи Николоски.

Нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродроми и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и тикму затоа, како што кажа, почнавме нова кампања за субвенционирање на летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗАГИНАА ДЕЦА ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВРЗ УЧИЛИШТЕ…

Најмалку 19 Палестинци, вклучително и деца, беа…

Тешко повредена малолетничка на мопед

Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека…

Центар доби уште 1,5 милиони евра за…

Екипата на Работнички наскоро би требало да…

Директни прекуморски и интерконтинентални летови од Скопскиот…

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да…

Филков: Ја разбирам нервозата на Лога, понатамошниот…

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад…