Директорите на М-НАВ контра синдикатот: Контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности
Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира на, како што велат, сензационалистичките и неточни најави кои се шират од страна на дел од раководството на струковиот синдикат околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври. Директорите ги повикуваат сите засегнати страни, медиумите и јавноста „да се воздржат од ширење на непотврдени информации и да ги посочуваат фактите“.
Од М-НАВ велат дека работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ризикот по безбедноста на сите граѓани.
-Менаџерскиот тим го признава правото на синдикалните организации да организираат штрајк како интегрален дел од борбата за подобрување на работничките права на вработените. Сепак, секој штрајк во институција која обезбедува безбедносни услуги мора да биде организиран така што работно ќе бидат ангажирани доволен број на контролори на летање за да се одржи безбедното управување со воздушниот сообраќај. Ниту една активност на синдикатите или било кои други субјекти не смее да доведе до загрозување на животите или инфраструктурата.
Менаџментот на М-НАВ останува отворен за конструктивен социјален дијалог со синдикалните претставници и е подготвен да разгледа реални и објективни барања за кадровските и организационите прашања. Сите барања треба да се адресираат преку официјалните процедури со цел да се најде решение кое нема да ја загрози безбедноста на летовите, велат од М-НАВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорите на М-НАВ контра синдикатот: Контролата на…
Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира на, како…
СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на…
Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста…
М-НАВ: Расипаниот радар не влијае на безбедноста…
Се расипал радар на контролата на летање…
Над пола милион евра потрошени за заштита…
Илјадници евра се дадени за софтвери и…
Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана…
И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од…