Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

t

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на еден од тројцата директори, пишува СДК.мк.

Премтим Коџаџику ќе го советува директорот во М-НАВ Фатмир Зимбери, кој е поставен од владејачката коалиција ВЛЕН. Пратеничката од Колчи-Коџаџику потврди дека нејзиниот син е примен на неодамнешниот оглас во Македонска навигација, оти тоа не е нешто за криење и дека тој подолго време бил невработен.

Коџаџику беше дел од ДУИ, пред да премине во ВЛЕН.

Динот на пратеничката бил интервјуиран лично Зимбери, но нема сведоци дека бил најдобриот од сите пријавени на огласот, бидејќи како и за сите примени и одбиени кандидати, контролорката на летање, претставничка на синдикатот, била оставена надвор пред врата и не ѝ било дозволено да го набљудува интервјуирањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

Касами: Не сме за предвремени избори, но…

Градоначалникот на Тетово и еден од ко…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА

Партијата што го посеа коцкањето во секое…