Објавено на:

Директорите на училиштата во Кочани бараат средба со Крстевски за решавање на проблемот со долгот за вода

t

Директорите на средните и оснвните училишта во Кочани денеска на прес конференција, јавно зборуваа за своите проблеми кои ги имаат. Велат наместо проблемите да се решаваат на средба со в.д. градоначалникот, тие се изнесуваат преку јавноста. Долговите кои ги имаат кон КЈП Водовод Кочани, за дел од нив се стари, но како што велат не основани. Прво им се зголемила цената на геотермалната вода, површината на самите училишта, а блок дотациите останале исти или се намалиле.

„Покачувањето за геотермалната вода, за огревот и покачувањето односно непочитувањето на методологијата за собирање на отпад од училиштата. Наместо по метар кубен се прави по метар квадратен и затоа сметките се огромни“ – вели Андов.

Дополнителен проблем е и температурата на геотермалната вода. Дел од училиштата кои ја користат оваа мора дополнително да набават и нафта со цел топли училници за учениците.

„Доаѓа со помалку од 40 степени. Имаме реагирано претходно. Само да ви кажам сумите кои ги плаќаат двете училишта е десет илјади евра.“ -вели Гацов.

Проблеми имаат и останатите училишта. Директорите тврдат дека сметките за вода дрсатично се покачни, и иако реагирале неколкупати до сега одговор нема, а долгот стои.

Директорите на основните и средни училишта во Кочани побараа средба со градоначалникот Венко Крстевски со цел да се разговара и да се реши проблемот со долговите кон КЈП Водовод Кочани.

Извор: М-НЕТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…

Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Кочани ни е во фокусот, вели новиот…

Министерот најави амбициозен план за реформи во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…