Директори и членови на УО земале поголеми плати од премиерот и претседателот: Владата ќе ги бара тие “неранимајковци”
Премиерот Димитар Ковачевски, говорејќи за потребата од реформа на јавната администрација, во неколку јавни настапи вели дека во многу јавни претпријатија што генерираат загуби, директори и членови на управни одбори земаат поголеми плати од премиерот, претседателот на државата и на Врховниот суд.
– Побарав да ги достават менаџерските договори кои што ги имаат јавните претпријатија и добивме одговор дека тие биле строго доверливи менаџерски договори. Затоа, Комисијата за економски систем на Владата доби задача да ги обезбеди овие договори со јасна задача – рече неодамна Ковачевски.
Фокус се обрати до Владата со прашање дали е утврдено за кои јавни претпријатија станува збор, меѓутоа од таму велат дека засега не може да се добие оваа информација, бидејќи се уште во тек е процесот на прибирање на податоци.
„Се работи на информацијата и се прибираат податоци од повеќе институции. Целосните податоци ќе бидат ставени на разгледување на седница на Влада и по истите ќе се донесе одлука, по што јавноста ќе биде известена“, ни одговорија од Илинденска.
Според Владата, постои голема неконзистентност кај платите кај раководниот кадар, меѓутоа, како што неодамна изјави Ковачевски, и кај вработените во различни министерства.
-Се користат неревидираните општи колективни договори на различни гранкови синдикати коишто на различен начин ги дефинираат платите. Тоа треба да биде усогласено бидејќи е добро и за вработените, меѓутоа е добро и за зголемувањето на нивото на услуги кои ги даваат на граѓаните – истакна премиерот.
Инаку, до крајот на оваа 2022 година треба да се изработи Закон за плати, кој, според најавите, треба да обезбеди усогласување на платите во институциите и намалување на диспропорцијата меѓу нив.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Кривични пријави за двајца директори од Македонска…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…