Директори и членови на УО земале поголеми плати од премиерот и претседателот: Владата ќе ги бара тие “неранимајковци”

t

Премиерот Димитар Ковачевски, говорејќи за потребата од реформа на јавната администрација, во неколку јавни настапи вели дека во многу јавни претпријатија што генерираат загуби, директори и членови на управни одбори земаат поголеми плати од премиерот, претседателот на државата и на Врховниот суд.

– Побарав да ги достават менаџерските договори кои што ги имаат јавните претпријатија и добивме одговор дека тие биле строго доверливи менаџерски договори. Затоа, Комисијата за економски систем на Владата доби задача да ги обезбеди овие договори со јасна задача – рече неодамна Ковачевски.

Фокус се обрати до Владата со прашање дали е утврдено за кои јавни претпријатија станува збор, меѓутоа од таму велат дека засега не може да се добие оваа информација, бидејќи се уште во тек е процесот на прибирање на податоци.

„Се работи на информацијата и се прибираат податоци од повеќе институции. Целосните податоци ќе бидат ставени на разгледување на седница на Влада и по истите ќе се донесе одлука, по што јавноста ќе биде известена“, ни одговорија од Илинденска.

Според Владата, постои голема неконзистентност кај платите кај раководниот кадар, меѓутоа, како што неодамна изјави Ковачевски, и кај вработените во различни министерства.

-Се користат неревидираните општи колективни договори на различни гранкови синдикати коишто на различен начин ги дефинираат платите. Тоа треба да биде усогласено бидејќи е добро и за вработените, меѓутоа е добро и за зголемувањето на нивото на услуги кои ги даваат на граѓаните – истакна премиерот.

Инаку, до крајот на оваа 2022 година треба да се изработи Закон за плати, кој, според најавите, треба да обезбеди усогласување на платите во институциите и намалување на диспропорцијата меѓу нив.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

(Видео) Јакимовски: Ќе бидам претседател на сите…

Вечерва се одржа претседателската конвенција на Стевчо…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…