Објавено на:

Директорка на штипска градинка исплатила помали плати поради штрајкот на вработените

t

Десетина вработени во детската градинка „Вера Циривири-Трена“ во Штип попладнево на прес-конференција реагираат за намалените плати. Посочија дека директорката Софка Атанасова го заборавила фактот дека штрајкот е уставно право, па сега по насока на МТСП ги намалува платите на вработените кои штрајкувале. Списокот со имињата на вработените беше истакнат во текот на вчерашниот ден.

„По насоки од Министерството за труд и социјална политика, директорката на градинката казни 48 вработени со тоа што им ги скрати платите. Понижени воспитувачи, негуватели, стручни соработници, технички персонал се резултат на одмазда за штрајкот. Во текот на вчерашниот ден директорката донесе одлука со која на 48 вработени им ја крати платата. очигледно е дека работи под инструкции на мтсп, а повеќе од јасно е дека на штрајкот доби силна политичка димензија со уцени и мобинг врз вработените, рече Анкица Лазарева, негувателка во детската градинка „Вера Циривири-Трена“.

Во текот на денешниот ден, директорката Атанасова изјавила дека сè уште не се направени пресметките на платите за вработените и чекаат насоки од Министерството. Меѓутоа, вработените велат дека одлуката веќе е истакната на огласната табла.

Вработените велат дека казната со намалување на платите е неправедна, бидејќи договорот кој го потпишале СОНК и Владата гарантирал исплата на целосните плати на сите вработени кои штрајкувале. Тие велат дека по судски пат ќе проверат дали директорката може да донесува такви одлуки без Управниот одбор.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска изјави дека намалувањето на платите во градинките може да биде сериозна пречка во тековните преговори со МОН.

„Доставивме барање, иницијатива до МОН за исплата на дневници врз основа на колективен договор, имаме основ за таа работа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал, имаме проблем во МТСП со детска заштита, има навистина сериозен проблем каде што еве до ден денес нема сигнал дека таму ќе бидат исплатени дневниците, може да биде сериозен проблем во нарушување на процесот на преговори“, изјави Неделков.

Синдикатот штрајкот го стави во мирување на 28 април откако доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука пристапува кон мирно решавање на спорот. Максималниот рок на мирното решавање на споровите, преку помирувач или медијатор, е 20 дена, а првичниот рок е десет дена, кои истекуваат в недела.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…

(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на…

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети…

Осудените за 27 април Чавков, Ченто и…

Од штипскиот Затвор денеска се пуштени на…

Две активни жариша во штипскиот дел на…

Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две…

Штипјани да не излегуваат од дома –…

Штипјани да не излегуваат од дома, а…