Директорот на Алфа удри по ВМРО: Ако ова се случи не знам каква сила ќе ме натера да споделувам каква и да е идеа со партијата која ветуваше реформи и промени

t

Ова е “црвениот барон” на самонаречената комуњарска филмска елита. Тозија е човекот кој ги измисли луѓето и нивните филмски продукции кои преку кабинетот на Црвенковски ги финансираа проектите Надеж 1 и Надеж 2 кои беа основата на Шарената револуција, во која тој, неговите “деца” и нивните татковци беа ударните тупаници и главните апологети, а денес се промоторите на нивната северна република. Тозија е човекот кој создаде филмски апартхејд кога како пулен на Заев стана директор на Агенцијата за филм и лично тој отпиша речиси дваесетина проекти на нивни политички неистомисленици, да не речам Вмровци! Тозија го опструираше проектот “Македонија” а негов пулен ја држи во бункер серијата “Црвениот поет” посветена на Кочо Рацин.

Тозија е човекот кој ги финансираше полупроектите на самонаречените продуценти и режисери кои сега од позиција на господари на ДФРМ му доделуваат награда. За тоа што тој го направи за нив тие би требало да го позлатат, ако јас се прашувам. Но, на Горјан Тозија да му се даде во рамките на “Манаки” вакво признание најверојатно води кон тоа профашистичкото бугарофилскосеверџанско лоби на ДФРМ следната година да ја награди и Лени Рифенштал, за придонес во документарната кинематографија. Жената ја бива за тоа, нема што, докажана е! Мене за овој “частен купон” не ми е гајле ништо, освен една работа: ова глупост е финансирана и од Општина Битола!

Ако градоначалникот Тони Коњановски (Тони Коњановски) ова го плати и поддржи, ќе го доживеам како најголем удар врз сите нас, единствените кои се бориме против најголемото зло на комуњарската власт – дискриминација и целосно бришење на нас и нашите дела од програмите на Агенцијата за филм, започнати и утврдени токму со овој човек. И секако, пола од приложената биографија му е лажна и е една обична комуњарска пропаганда за дела кои не се нивни или во кои немаат никакво лично достигнување, од “Пред дождот” до “Медена земја”.

Повторувам, ако ова го подржи и плати Општина Битола, не знам каква сила ќе ме натера да споделувам каква и да е идеа со партијата која ветува реформи и промени. Ако ова се дозволи, ова е почетокот на крајот на било што. Реформите треба да почнат денес а промените утре. Вие, ветувате промени. Ете ви ја првата можност.

Фејсбук статус на директорот на телевизија Алфа, Јани Бојаџи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…