Директорот на АНБ доби НАТО сертификат

t

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, објави МКД.мк повикувајќи се на извор во Дирекцијата за безбедност на класифицирани податоци.

Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи информации на Алијансата.

Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот.

Инфомакс претходно во детали објави дека Бојан Христовски има проблем со дипломата од Економскиот факултет при Универзитетот за Туризам и менаџмент, но и со неговата диплома по англиски јазик познатата во јавноста како ТОЕФЛ.

(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на Бојан Христовски? Како за директор на АНБ е назначен човек за кој има сомнеж за фалсификат?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на АНБ доби НАТО сертификат

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална…

Братот на терористот од Њу Орлеанс тврди:…

Братот на Шамсуд-Дин Џабар (42), Абдур Џабар…

Фицо: Прекинот на транзитот на гас ќе…

Прекинот на транзитот на гас преку Украина…

Судскиот совет утре бира претседател

Судскиот совет помина низ турбулентна година, а…

Возете внимателно: Намалена видливост до 30 и…

АМСМ информира дека поради појава на магла…