Братот на терористот од Њу Орлеанс тврди: Тој беше добро момче паметен и грижлив
Братот на Шамсуд-Дин Џабар (42), Абдур Џабар (24) вели дека „екстремизмот“ е виновен за неговите постапки.
Шамсуд-Дин Џабар (42), американски воен ветеран кој носел знаме на Исламската држава во својот камион, влета во толпата луѓе кои ја славеа Новата година во преполниот Француски кварт во Њу Орлеанс и уби 15 луѓе.
Неговиот брат сега открива дека Шамсуд го прифатил исламот уште на рана возраст.
– Сепак, тоа што го направи не го претставува исламот. Тоа е повеќе тип на екстремизам, а не религија – вели Абдур.
Потоа го опиша својот брат како добро момче, пријател, паметен и грижлив.
Во видеата објавени на неговата Фејсбук страница пред нападот, Шасмуд-Дин Џабар „ветил верност кон ИСИС“. Тој исто така призна дека планирал да го убие своето семејство.
Двапати разведениот терорист има две ќерки на возраст од 15 и 20 години. Според сопругот на неговата поранешна сопруга Накедра, девојките се во „хаос“ откако нивниот татко го извршил нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…