Директорот на БЈБ во официјална посета на Словенија
На покана од генералниот директор на полицијата на Република Словенија, во периодот од 15 до 17 февруари 2024 година, во официјална работна посета на Република Словенија престојува висока делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предводена од д-р Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност.

Македонската делегација оствари поединечни средби со министерот за внатрешни работи на Република Словенија Боштјан Поклукар и генералниот директор на словенечката полиција Сенад Јушиќ. На средбите беше потврдено дека соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Словенија е на многу високо ниво, со постојан континуитет и во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.

На средбата со министерот за внатрешни работи Поклукар, уште еднаш беше потврдена желбата за зајакнување на соработката на земјите од Западен Балкан во процесот на интеграција во Евро-атлантските организации како и решавање на отворените прашања преку неформални состаноци и отворен дијалог. Директорот Тасевски истакна дека македонската полиција, во изминатиот период, направи и спроведе големи реформи, и со гордост може да се позиционира и спореди со полициите во Европа.
На средбата со генералниот директор на словенечката полиција Јушиќ, директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски се заблагодари на одличната соработка која се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка. Сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал.

Во чест на македонската делегација, од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Словенија беше изведена вежба на хеликоптерската и специјалната единица со презентација на нивните најнови методи и модерна технологија на користење на истите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…