Директорот на ЦИА: Душевната состојба на Путин е таква да верува дека може да победи во војната
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе му донесе подобри резултати во војната.
„Наспроти поразите на руските сили во обидот да го освојат Киев и нивните борби да напредуваат долж главната линија на фронтот на југоистокот кај Донбас, рускиот лидер не го промени ставот дека неговите сили можат да ја поразат Украина“, изјави Барнс.
Барнс на настан организиран од „Фајненшл тајмс“ во Вашингтон рече дека „душевната состојба” на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната, пренесуваат британските медиуми.
„Верувам дека сега е убеден оти интензивирањето ќе му овозможи да напредува“, изјави Барнс.
Директорот на ЦИА, кој своевремено беше и амбасадор на САД во Москва, рече дека западните разузнавачки агенции не гледаат знаци дека Путин е подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје за да постигне победа во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…