Објавено на:

Директорот на ЦИА: Душевната состојба на Путин е таква да верува дека може да победи во војната

t

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека интензивирањето на воениот конфликт во Украина ќе му донесе подобри резултати во војната.

„Наспроти поразите на руските сили во обидот да го освојат Киев и нивните борби да напредуваат долж главната линија на фронтот на југоистокот кај Донбас, рускиот лидер не го промени ставот дека неговите сили можат да ја поразат Украина“, изјави Барнс.

Барнс на настан организиран од „Фајненшл тајмс“ во Вашингтон рече дека „душевната состојба” на Путин моментално е таква што тој не верува дека може да си дозволи да загуби во војната, пренесуваат британските медиуми.

„Верувам дека сега е убеден оти интензивирањето ќе му овозможи да напредува“, изјави Барнс.

Директорот на ЦИА, кој своевремено беше и амбасадор на САД во Москва, рече дека западните разузнавачки агенции не гледаат знаци дека Путин е подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје за да постигне победа во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва под сомнеж дека му помогнала на…

Американските разузнавачки аналитичари истражуваат дали Русија му…

ЦИА против сопственото разузнавање за Ковидот: Ренд…

Сенаторот Ренд Пол, по сослушувањето во Комитетот…

Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…

Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…

ФБИ пронашол милиони во злато, пари и…

Поранешниот висок функционер на ЦИА, Дејвид Раш,…

Директорот на ЦИА нуди 100 милиони долари…

Во разговор со кубанските лидери во Хавана,…