Дијазепам и лекови: Пристигна хуманитарната помош од Македонија во Украина

t

На крајот на јуни, Владата донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за Украина која се состои од лекови во вредност од околу 44.000 евра. Во одговор за Фактор, од Владата потврдуваат дека помошта е веќе пристигната во земјата, а македонските власти се подготвуваат да обезбедат уште една помош во лекови.

-Република Северна Македонија во координација со сојузниците во НАТО, а соодветно на потребите на Украина и нашите капацитети има дадено поддршка за Украина и Украинскиот народ. Веќе е реализирано испраќањето на хуманитарна помош за Украина.

Согласно нивните потреби, Министерството за здравство презема активности за обезбедување донации од лекови и медицински средства, и во соработка со Министерството за одбрана и амбасадата на Украина е организиран превоз и помошта е доставена до крајната дестинација. Инаку, веќе се преземаат подготвителни активности за реализација на уште една донација за обезбедување медикаменти и антибиотици.

Согласно одлуката на Влада, нашата држава во три наврати испрати и воена помош за Украина. Дали во следниот период ќе се испраќа дополнителна помош зависи од побарувањата, но пред сѐ во согласност со нашите капацитети, велат од Владата.

Пратката се состои од диезепами, антибиотици, антихистаминици и лекови за кардиоваскуларни заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…