ДКСК бара кривично гонење за Наумче Мојсоски
По три години анализа на начинот на доделување на спортските ваучери, членовите на Антикорупциска комисија се согласија дека треба да се иницира кривично гонење на директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и на членовите на Централната комисија за евалуација на предлог-листите за доделување спортски ваучери.
Освен тоа, антикорупционерите ќе побараат и од Владата да се утврди одговорност за лицата именувани од нејзината страна, од Управата за јавни приходи ќе бараат засилен надзор врз спортските федерации, клубови и поединци, корисници на ваучерите, и од Министерството за правда да се изготви нова законска регулатива заради обезбедување услови за поправична распределба на парите.
Членот на Комисијата Владимир Георгиев кој извести за овој проблем посочи на бројни незаконитости во распределбата на средствата од даночно ослободување, кои изнесуваат околу една милијарда денари годишно, поради што континуирано во изминативе неколку години, се оштетува државниот буџет, како и субјектите кои имало право на овие пари, а поради не не ги добиле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти…
Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува…
Теологот Асани назначен за заменик директор во…
Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…
Спектакуларен дочек на српските олимпијци во Белград
Српските спортисти кои се вратија со медали…
Леброн, Халанд, Тоти, Нејмар, Крис Пол: Светските…
Србија горда, Новак Ѓоковиќ успеа да го…
(Видео) Белград, Бања Лука, Косово, Чикаго: Со…
Развиорени знамиња со автомобилски сирени по улиците…