ДКСК го блокира назначувањето на нови членови во управниот одбор на Академијата за судии
Антикорупциската комисија донела одлука да се стават вон сила одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители за назначување на четворица нови членови во управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. ДКСК утврдила дека овие одлуки се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и со Законот за избор на членови на Академијата.
Според Антикорупциска, истите лица кои веќе се дел од овие советски тела не можат да бидат и членови на управниот одбор, бидејќи тоа создава недозволена акумулација на функции и потенцијален судир на интереси, што може да влијае на процесите на прием и избор на кандидати за судии и јавни обвинители.
Како што изјави Билјана Каракашова Шулев, членка на ДКСК: „Во конкретниот случај освен што постои недозволена акумулација на функции кај едно исто лице, таквата состојба претставува и постоење на континуиран, потенцијален судир на интереси“.
Предходно, Судскиот совет номинирал Антоанета Димовска и Ханиф Зендели за членови на управниот одбор, додека Советот на јавни обвинители ја номинирал Душица Димитриевска и уште еден член од својот состав. Властите претходно укажаа дека овие одлуки претставуваат кршење на законот и дека водат до поставување на луѓе блиски до опозицијата во Академијата. Со забелешки се јавија и од невладината Коалиција за правично судење, кои посочуваат дека назначувањето на лица од истите тела во Академијата создава ризик од корупција и судир на интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…
- Ова е шанса да се расчисти…
Судот пресече: ДКСК мора да даде увид…
Антикорупциската комисија мора да му овозможи на…
(Документи) Државниот пазарен инспекторат работел без печат…
„Животните надвор гледаа од свиња на човек,…
Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува…
Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на…
Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…
Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…