ДКСК: Поразително е што дома не сме си ги завршиле задачите – Американците доаѓаат да видат каде се парите потрошени за борба со корупција!
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја поздравува одлуката за испраќање тим од Вашингтон кој ќе помогне во истражувањето корупција меѓу бивши и сегашни функционери во земјава.
-За нас е поразително затоа што ние дома не сме си ги завршиле задачите. За високата корупција ако се има искрени намери, може да се случи нешто добро. Ние сме сериозен кандидат за влез во ЕУ, американците нас не поддржуваат и ни даваат поттик, но вакви какви што сме, реално имаме проблем со правосудниот систем. Тие ни даваат помош да го надминеме тој проблем и полесно да зачекориме, рече Ивановска на денешната прес-конференција.
Од ДКСК велат дека логична е оваа реакција на САД со оглед на „милионите потрошени за обука на обвинителите, судиите, институциите“. Според нив, „ова е пораз за политиката“.
-Да ти дојде тим од Америка до тоа ниво. Допрено е дното и не ги прифаќаат сите лаги што ги сервираме дека се бориме. Затоа тие се дојдени со свои очи и уши да видат каде се тие пари, изјавија денеска од Антикорупциската.
Ивановска не можеше точно да каже дали и кога ќе се сретнат со амеиканскиот тим.
-Сигурно ќе има барање за средба, но допрва ќе видиме како ќе биде. Самото нивно доаѓање ќе значи дека ќе постапуваат сериозно по нашите иницијативи, беше истакнато на денешната прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…
- Ова е шанса да се расчисти…
Судот пресече: ДКСК мора да даде увид…
Антикорупциската комисија мора да му овозможи на…
(Документи) Државниот пазарен инспекторат работел без печат…
„Животните надвор гледаа од свиња на човек,…
Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува…
Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на…
Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…
Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…