ДКСК со ново соопштение: Просветниот инспекторат е надлежен за оспорената диплома на Христовски

t

ДКСК како институција, при разгледување на секој предмет, ги утврдува фактите преку информации кои ги прибавуваме од други надлежни институции и при носењето на одлуките постапуваме исклучиво во рамките на нашите законски надлежности, велат од институцијата преку соопштение.

Во однос на предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски што се однесува на оспорената факултетска диплома, велат дека надлежна иснтитуција која ги утврдува фактите е Државниот просветен инспекторат врз основа на чиј записник од спроведен инспекциски надзор е донесена одлуката на ДКСК.

-Во однос на овој случај, сакаме да укажеме дека ДКСК нема надлежност да презема истражни дејствија во однос на веродостојноста на сертификатот за познавање на странски јазик и тоа прашање е во надлежност на истражните органи.

Што се однесува до членот на ДКСК Цвета Ристовска, сакаме да укажеме дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаме дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет, стои во реакцијата на Антикорупциската комисија.

Претходно СДСМ постави три барања по одлуката на ДКСК дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на АНБ. СДСМ бара итно повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ, расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК и преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.

На завчерашната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите.

Согласно образложението, од ДКСК побарале и им биле доставени податоци од надлежните институции во кои утврдиле дека заради апликација од страна на апликантот до Владата биле доставени уверение за државјанство, уверение за завршени студии за високо образование седми степен, одлука за одбрана на магистерски труд, уверение за испити положени од прв циклус, доказ за работно искуство, доказ за познавање на англиски јазик како и изјави во однос дека нема забрани за вршење професија, ниту привремена мерка за вршење дејност, како и да изјава дека не е член на политичка партија и дека не му е утврдено постоење судир на интереси.

Според ДКСК, сите доставени податоци биле во насока на исполнување на критериумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДКСК со ново соопштение: Просветниот инспекторат е…

ДКСК како институција, при разгледување на секој…

ДКСК загрижена поради предложените измени на Законот…

Државната комисија за спречување на корупцијата изразува…

ДКСК примила претставка за директорката на АР…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

ДКСК се уште постапува по пријавите за…

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…

ДКСК го блокира назначувањето на нови членови…

Антикорупциската комисија донела одлука да се стават…