Доаѓа топол бран од Африка: Температури до 35 степени следната недела
Пред нас е нов бран на повисоки температури, невообичаени за овој период од годината, но и нестабилност и врнежи, велат синоптичарите.
– На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од Африка, а тој барем според моменталните следења и наблудувања ни доаѓа од средината на следната седмица, а особено за време на следниот викенд, напиша метеопрогнозерот Славчо Поповски на неговата веб страна „МетеоАларм“.
Тој дополнува дека во текот на следната недела се очекува температурите на многу места низ Македонија да се искачуваат до 30 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.
Сепак и покрај ова, атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и во текот на следната седмица се очекува попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Во Берово наврна 14 литри дожд на…
Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Берово,…
Доаѓа топол бран од Африка: Температури до…
Пред нас е нов бран на повисоки…
Ќе изгради ли Русија воена база во…
Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…
Не заборавајте: Еве кога се поместуваат стрелките…
Менувањето на часовникот се случува двапати годишно…