Објавено на:

ДОБИ 20 ГОДИНИ ЗАТВОР: Џудо тренер од Прилеп осуден за сексуално злоставување на 5 девојчиња!

t

Прилепскиот суд го осуди на 20-годишна казна затвор прилепскиот џудо тренер
Р.П. ( 46) за обљуба на четири малолетни девојчињa кои ги тренирал во неговиот џудо клуб. Како што не информираше судијата Жарко Велески, портпарол на судот, изречена му е и забрана за вршење дејноста во рок од десет години, бидејќи покрај обљубата на товар му се става и злоупотреба на службената положба како џудо тренер.

Обвинителството го докажа обвинението за Р.П., кој од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување.

Случајот што ја шокираше јавноста беше откриен лани кога еден од родителите го
пријави тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон размислува за започнување на војна против…

Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…

Холандија е пред формирање на влада преку…

Во Холандија е можно формирање на владина…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Еве како ќе изгледа парламентот на Србија…

Според 50 отсто обработени избирачки места, листата…

Масакар во Мексико, 12 лица убиени на…

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата…