Добра вест: Законот за амнестија за настаните од 27 април ќе биде поднесен во Собранието!

t

Адвокатот Јанаки Митровски на Фејсбук извести дека Законот за амнсетија за настаните од 27 април ќе биде поднесен во Собранието.

– ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог закон за амнестија за настаните од 27 Април и ќе го поднесе предлог законот во Собрание. Првичниот наш текст е подобрен, во консултација со нас е тргната одредбата од 50% и се оди на целосно ослободување од казна.


Текстот е подобрен од страна на пратениците и со тоа што се остава можност секој амнестиран да се жали дека не прифаќа амнестија доколку е тоа негова желба со оглед на фактот дека еден до осудените јавно прокламираше дека не сака амнестија што мора да се почитува.


Јас и Пешевски апелираме до сите политички партии да го поддржат Законското решение кое НЕ навлегува во правото на осудените да си ја продолжат постапката пред Врховниот суд а воедно и не е дека лежат месец, два три туку шеста година се во затвор додека оние со употребна вредност не само што се на слобода туку се и дополнително наградени! Доста е! – напиша Митровски на Фејсбук.

Претходно во изјава за Инфомакс адвокатот Драган Пешевски посочи дека смета дека Законот ќе биде донесен и дека конечно ќе биде исправена неправдата кон осудените за 27 април.

Повеќе за иницијативата може да прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Раст на деловната активност во Еврозоната во…

Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…

Просечната нето плата во април изнесува 39.134…

Просечната нето плата во април изнесува 36.134…

Неочекуван пад на eкономската активност во Кина…

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во…

Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)

Овен Работа: Овој период ќе го означи…