Добра вест за пензионерите: Почнува исплатата на пензиите
Од утре, 2 октомври тргнува исплатата на септемвриските пензии за над 330.000 пензионери, иако дел од банките уште вчера започнаа со исплата на пензиите. Халкбанка од вчера почна со исплата на пензиите.
Согласно методологијата, септември е месец во кој има зголемување на пензиите, а овој септември тие ќе пораснат за 5,3 проценти.
Во апсолутни бројки, тоа значи дека пензионерите со највисоки пензии, ќе добијат зголемување од речиси 3.700 денари, додека пензионерите со просечна пензија (која изнесува околу 20.000 денари) на своите сметки ќе добијат покачување од 1.060 денари.
Со септемвриското зголемување, минималната пензија се зголемува на над 13.000 денари.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека со двете усогласувања оваа година пензиите вкупно пораснале за 13,7 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЖАС: Пензионер- семеен пријател две години сексуално…
На шест години затвор во Жупанискиот суд…
Добра вест за пензионерите: Почнува исплатата на…
Од утре, 2 октомври тргнува исплатата на…
(Фото) ЛЕГЕНДА! Не го пуштиле во Пензиско…
За „победник на денот“ е прогласен на…
Најниската пензија треба да биде 20.000 денари,…
Пензионерите револтирано реагираат дека зголемувањето на септемвриската…
Од 30 август започнува исплатата на августовските…
Од 30 август ќе почне исплатата на…