Добра вест за пензионерите: Почнува исплатата на пензиите
Од утре, 2 октомври тргнува исплатата на септемвриските пензии за над 330.000 пензионери, иако дел од банките уште вчера започнаа со исплата на пензиите. Халкбанка од вчера почна со исплата на пензиите.
Согласно методологијата, септември е месец во кој има зголемување на пензиите, а овој септември тие ќе пораснат за 5,3 проценти.
Во апсолутни бројки, тоа значи дека пензионерите со највисоки пензии, ќе добијат зголемување од речиси 3.700 денари, додека пензионерите со просечна пензија (која изнесува околу 20.000 денари) на своите сметки ќе добијат покачување од 1.060 денари.
Со септемвриското зголемување, минималната пензија се зголемува на над 13.000 денари.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека со двете усогласувања оваа година пензиите вкупно пораснале за 13,7 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ало, сестра ти скрши нога, итно требаат…
Старата и добро позната шема со „лажен…
85-годишен маж измамен за сума од 5.000…
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје,…
Пензионер 11 години по грешка добивал повисока…
Британскиот пензионер Дерек Ричи (63) треба да…
Австриски државјанин прегазил пензионер во Битола
71-годишен жител на Битола е тешко повреден…
Измамите по телефон продолжуваат: Пензионерка од Велес…
На 03.09.2025 во 18:20 часот во СВР…