Добра вест: Штедачите од “Еуростандард банка” успеале да ги наплатат побарувањата

t

Штедачите во пропаднатата „Еуростандард банка“ успеале да си ги наплатат сите побарувања, објави „Фактор“.

Во стечајната маса на банката која беше ликвидирана во август пред две години, се собрани приливи од дури 55 милиони евра, и тоа преку наплатата на кредитите дадени од банката, пишува порталот.

За овие побарувања многу се зборуваше дека се ненаплатливи и дека практично се изгубени пари, но од вкупниот долг на „Еуростандард банка“, кој изнесувал околу 100 милиони евра, во стечајната маса се наплатени 55 отсто, односно околу 55 милиони евра.

При нивната распределба на оштетените доверители, предност имале штедачите кои се физички лица. Според информациите на „Фактор“, тие веќе се или ќе бидат целосно обесштетени, односно со неверојатни сто проценти.

По штедачите физички лица, ќе се намирува Фондот за осигурување депозити, како и компаниите чии пари останаа во банката, односно правните лица. Од парите кои досега се собрани во стечајната маса, тие досега можат да се намират линеарно со по 35 проценти. Или практично, ФОД досега има наплатено околу 12 милиони евра. Но, како што пишува „Фактор“, повикувајќи се на свои извори, пари за земање од пропаднатата банка сѐ уште има.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Добра вест: Штедачите од “Еуростандард банка” успеале…

Штедачите во пропаднатата „Еуростандард банка“ успеале да…