Добри вести: Пронајдено исчезнато деветгодишно дете во Радовишко

t

Во атарот на радовишкото село Покрајчево денеска околу 10:30 часот полицијата го пронашла исчезнатиот деветгодишен малолетник од село Јаргулица, кого неговиот татко Љ.И. (44) синоќа го пријавил дека се оддалечил од дома.

Како што информираа од СВР Струмица, веднаш по пријавувањето полициски службеници од Полициската станица Радовиш, екипа од Територијалната противпожарна единица и граѓани започнале пребарување на теренот и денеска малолетникот бил пронајден во добра здравствена состојба.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, причините за оддалечувањето на детето од домот дополнително ќе се утврдуваат откако со него и неговите родители ќе биде извршен разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

МВР: Испукана димна бомба во Скопје, фотографирања…

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за…

Фон дер Лајен: Исходот од војната во…

Исходот од војната во Украина ќе ја…

79-годишен дедо претепа полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој…

Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во…

Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот…