Добро утро со Инфомакс: Без јазик си никој и ништо

t

Видое Подгорец (Колешино, 8 јуни 1934 – Скопје, 14 април 1997) е еден од најплодните македонски писатели, патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели. Објавил голем број стихозбирки, раскази и романи.

Видое Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино, во сиромашно семејство. Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Потоа, со неполни шеснаесет години, почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на Скопскиот универзитет, па затоа, студирал како вонреден студент.

Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска книжевност. Потоа, три години работел како училиштен инспектор за Штипската околија, а во 1962 година се вработил во Скопје, во „Нова Македонија“, т.е. во редакцијата „Детска радост“, како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“. Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Починал на 14 април 1997 година во Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година.

Добро утро Македонци, во продолжение “Без јазик си никој и ништо” од Видое Подгорец:

Родниот јазик е бисерен ѓердан

од зборови – плодови сочни,

мислите тие ти ги редат

во слики јасни и точни.

Тој е вруток непресушен,вечен,

низ бистри капки – зборови тече.

Жубори, клокоти, ѕвони, се лее

ко јасна ѕвезда секој збор грее.

Тој ни е завет од дедовците

како тланикот на огништето.

Чувај го како црнка во очите –

– без јазик си никој и ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…

(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…

Од петок (24.12) светската публика ќе има…