Добро утро со Инфомакс: Го извалкавте образот…. Што ќе речат нашите внуци?
Раде Силјан (родено презиме Павловски) е роден на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско.
Основно образование завршил во родното место, гимназија во Битола, а Филолошки факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во „Студентски збор“, „Наш свет“, „Железничке новине“ и Радио Скопје. Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на „Македонска книга“. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Во продолжение неговите стихови “Што ќе речат нашите внуци?”:
Што ќе речат нашите внуци
За нас и за нашите заблуди
Ги продадовте коњите
Уздите и потковиците
Ги загадивте изворите
Реките и езерата
Ги угаснавте старите фенери
На глуви уши спиете
Ни ги украдовте насмевките
И на кочија од сказни патувате
Ах,што ќе речат нашите внуци
За нас и за нашите заблуди
Го извалкавте образот
Ја испоганивте устата
Ги продадовте тапиите
Нѐ бележавте со пален знак
На провев нѐ оставивте
Ветрот да нѐ вее
Но што и да речат
И да преречат нашите внуци
Ние нема да им одговориме
Зашто во мумии ќе се претвориме
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…