Добро утро со Инфомакс: Го извалкавте образот…. Што ќе речат нашите внуци?

t

Раде Силјан (родено презиме Павловски) е роден на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско.

Ос­нов­но образование завршил во родното место, гимназија во Битола, а Филолошки факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во „Студентски збор“, „Наш свет“, „Железничке новине“ и Радио Скопје. Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на „Македонска книга“. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.

Во продолжение неговите стихови “Што ќе речат нашите внуци?”:

Што ќе речат нашите внуци

За нас и за нашите заблуди

Ги продадовте коњите

Уздите и потковиците

Ги загадивте изворите

Реките и езерата

Ги угаснавте старите фенери

На глуви уши спиете

Ни ги украдовте насмевките

И на кочија од сказни патувате

Ах,што ќе речат нашите внуци

За нас и за нашите заблуди

Го извалкавте образот

Ја испоганивте устата

Ги продадовте тапиите

Нѐ бележавте со пален знак

На провев нѐ оставивте

Ветрот да нѐ вее

Но што и да речат

И да преречат нашите внуци

Ние нема да им одговориме

Зашто во мумии ќе се претвориме

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…