Добро утро со Инфомакс: Градот убав пак ќе никне – 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, катастрофален земјотрес го погоди Скопје, со измерени 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.
Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од кои 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе закопани од своите роднини пред да ги евидентира службата. Повредени биле 2.900 луѓе, а околу 800 останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.
Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „Град на солидарноста“.
Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Скопје стана град на меѓународна солидарност.
Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание ѝ даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје.
Добро утро Македонци и скопјани, на денот кога се одбележува 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес, би сакале да ве потсетиме на “Градот убав пак ќе никне”:
Градот убав пак ќе никне
Градот убав пак ќе никне, среде песни в дружен фат,
пак ко сонце цел ќе бликне, како топол нежен кат.
Скопје младост ти ќе бидеш, Скопје ти ќе бидеш цвет,
и ќе бидеш израз свиден, на сè братско в овој свет.
Покрај Вардар ќе се крене, ќе го буди детски вик,
и ќе брои ново време, радост ќе му краси лик.
Скопје младост ти ќе бидеш, Скопје ти ќе бидеш цвет,
и ќе бидеш израз свиден на сè братско в овој свет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…