Добро утро со Инфомакс: Добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија бугарска

t

Коста Шахов е преродбеник, прв претседател на „Младата македонска книжевна дружина“, соработник на списанието „Лоза“, соработник на бројни гласила во кои се објавувале прилози со македонска тематика. Автор на неколку книги со белетристички и публицистички карактер.

Добро утро Македонци, денеска ви издвојуваме две мисли од Коста Шахов:

-Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде… Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме… кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, нè школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари… Но, никој од нас не ќе стане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме… Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија – бугарска. Ние за тоа имаме шанса… во Бугарија на највисоки места денес се Македонци… без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска… веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна… Македонија ќе биде држава – републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава

Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја… Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…