Добро утро со Инфомакс: Добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија бугарска
Коста Шахов е преродбеник, прв претседател на „Младата македонска книжевна дружина“, соработник на списанието „Лоза“, соработник на бројни гласила во кои се објавувале прилози со македонска тематика. Автор на неколку книги со белетристички и публицистички карактер.
Добро утро Македонци, денеска ви издвојуваме две мисли од Коста Шахов:
-Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде… Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме… кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, нè школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари… Но, никој од нас не ќе стане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме… Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија – бугарска. Ние за тоа имаме шанса… во Бугарија на највисоки места денес се Македонци… без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска… веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна… Македонија ќе биде држава – републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава
Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја… Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…