Добро утро со Инфомакс: Капи и глави
Петре М. Андреевски е еден од ретките кои умееше преку минатото, да ја долови сегашноста, а да ја види и иднината. Неговите дела се безвременски, неповторливи, а секој од нас секојдневно може да се пронајде во некој од неговите стихови.
Македонците, веројатно како никогаш досега, се поделени по сите основи. Затоа, денеска во рубриката “Добро утро со Инфомакс”, издвојуваме една многу кратка творба на Андреевски, која пророчки објаснува што ни се случува.
Добро утро Македонци, во продолжение “Капи и глави”:
Беа браќа и први братучеди,
убави сестри, тетки и стрини,
и некои вујчеи и светијонии…
И, борејќи се сите за иста татковина,
се поделија, се замразија, се закрвија,
под туѓи капи главите си ги ставија.
А кога ги побараа капите на главите,
веќе немаа ни капи, ни глави…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…