Добро утро со Инфомакс: Македонците се староседелци на Полуостровот, тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите
Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски е македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.
Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора половина на XIX век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.
Добро утро Македонци, во продолжение дел од ставовите на Пулевски:
“Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.” – Ѓорѓија Пулевски во 1892 година “Славјаномакедонска општа историја”
“Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!” – Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година.
Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. – Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…