Добро утро со Инфомакс: Македонците се староседелци на Полуостровот, тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите

t

Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски е македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора половина на XIX век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.

Добро утро Македонци, во продолжение дел од ставовите на Пулевски:

“Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.” – Ѓорѓија Пулевски во 1892 година “Славјаномакедонска општа историја”

“Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!” – Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година.

Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. – Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…