Добро утро со Инфомакс: Млад сум а душата ми е остварена од љубовта моја неостварена, љубовта Македонија
Ацо Шопов е македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија.
Шопов е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка Песни (1944) e првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија.
Добро утро Македонци, уживајте во „Оздравување на болниот “
– Оздравување на болниот
Над градот се вијат облаци темни,
облаци темни над градот сноват,
леле господи од господ да прокопсаш
со какви злини на мене киниса,
со какви нови нечовештини сврати
и какви патила ми прати
што кружат над мене ко стрвни мршојади
и по морето на мојата душа ко црни галии пловат.
Мe нaјавна тешка болест, од тешка болест телото ми е закоравено
и на врв планина само да чаме е оставено.
Телото ми гори од оган, врели думани се креваат од него,
ги замаглуваат сите планини и котлини,
од таа замагленост очите не ми гледаат ништо,
само долу во низините бесни далги вијат и се мачат
да го заплиснат закоравеното тело
и да го одвлечат низ далечната шир.
Но сè е попусто — вијoт нa дaлгите кај телото се стопува во скаменет мир.
Врелите думани ветриштата ги расцепуваат,
попуштаат дувлата на горештината
и гласот на поетот одекнува од врвот на планината:
„Јас сум ви тешко болен, и ќе ме снема,
ме дави и гуши подземна стија.
Млад сум а душата ми е остарена
од љубовта моја неостварена, љубовта Mакедонија“.
Од овој глас поетот се стресе
и сам на себе гласно си довикна:
Зар лежиш уште, станувај поету,
здравјето ти е растурено по патиштата на светот,
Македонија е во светот, а светот во Македонија.
Твоите очи греат ко сонце
низ твојата песна уште недопеана.
Од своите зборови поетот се сепна
срипа и на далечен пат тргна,
по долгите патишта на светот се одсликуваше ликот на Македонија,
а ликот на светот во Македонија.
Низ Македонија шуркаа струи на здравје и свежина,
а болештините се топеа како снегова грутка — тежина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
24 години затвор и хемиска кастрација за…
Кинески студент кој дрогирн силувал десет жени…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…