Добро утро со Инфомакс: Најмногу се плашиме од тоа нашите „мили пријатели” Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да нè „ослободуваат”, зошто тие, всушност, ќе дојдат да нè поробат

t

Пиринскиот цар, Јане Сандански до денешен ден е запаметен меѓу народот како голем Македонец, голем херој кој животот ѝ го посветил на татковината.

Меѓу многуте негови мисли, денеска издвојуваме две, една за врховистите, а другата за нашите соседи за кои Сандански проценил дека немаат добри намери.

Добро утро Македонци, еве како размислуваше Сандански:

„Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас-врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население.”

„Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа политичка програма: првата се изразува низ барањето за доделување на земја на селаните, а втората, политичката, се содржи во барањето од Македонија да се создаде автономна област во рамките на Отоманското Царство. А најмногу од сè друго се плашиме од тоа нашите „мили пријатели” Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да нè „ослободуваат”, зошто тие, всушност, ќе дојдат да нè поробат.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…