Добро утро со Инфомакс: “Не се плашам од армија од лавови предводена од овца, се плашам од армија од овци предводена од лав” – 2.379 години од раѓањето на Александар Трети Македонски

t

Александар Македонски во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок, човек кој во многу аспекти бил пред своето време.

Римјаните кои ќе тргнат по стапките на античките Македонци, ќе го наречат „Alexander Magnus“ односно Александар Велики, прекар под кој е познат во целиот свет до денешен ден.

Според историските податоци, Александар Трети Македонски бил роден на 20 или 21 јули во 356 година пред нашата ера. Она што ни е познато за нашиот антички цар е од археолошките наоѓалишта и мислењето за него од античките мислители, филозофи, поети, историчари, кои имале поделено мислење во зависност од нивната положба.

Дел од авторите го опишуваат Александар како воин кој не освојува за да прави пустош, туку за да соединува, да спојува, наместо да разделува. Она што е познато е дека тој основал десетици градови, од кои голем дел ги нарекол според своето име, како што е примерот со многуте Александрии од кои најпозната е Александрија во Египет. Александар основал и град кој го нарекол во чест на својот коњ Букефал.

Историските факти се обемни, целиот свет бил и уште е заинтересиран за ненадминатиот воин на сите времиња.

Денеска во рубриката Добро утро со Инфомакс ќе издвоиме две мисли, една која му се припишува на самиот Александар Македонски, а другите приберени од најразлични извори кои покажуваат дека Македонците со милениуми го зачувале споменот за царот.

-“Не се плашам од армија од лавови предводена од овца, се плашам од армија од овци предводена од лав!” – Александар Македонски.

-“Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот… Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот”. Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно.” Ова го запишал рускиот славист Виктор Григорович при посетата на Македонија од 1844 – 1845 година, 

-“Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.” Од текстот јасно се гледа дека не постои видлива разлика меѓу античка Македонија и Македонија од тоа време (1860 година) односно дека се едно те исто. Запишано во“Цариградски весник” од 3 март, 1860

Во преамбулата на правилата на македонскиот востанички комитет на Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, востаниците се споредуваат со војската на Александар Македонски: “Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза – Слобода или смрт!”

-Во својата книга “Македонска песнарка” од 1879 година, Ѓорѓи Пулевски запишал: “Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат? Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип – Славјанин е, цар Александар – Славјанин е. Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско. Та спроти старих вие сега да следувате!” Со овој текст Ѓорѓи Пулевски јасно и недвосмислено покажува дека смета оти кралевите Филип и Александар се наши македонски кралеви.

-По повод 1000 годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже: “Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив… Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!” Како што може да се прочита Григор Прличев не само што Александар Македонски го смета за македонски син туку и заедно со Светите Кирил и Методиј го вбројува меѓу најголемите.

Истата таа година, Коста Шахов во весникот “Македонија” број 4 запишал:

-Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…