Добро утро со Инфомакс: Сознанието и чувството дека сум Македонец треба да стоат повисоко од сѐ дpyгo на светот!
Крсте Петков Мисирков, роден во Постол, Егејска Македонија, на 18 ноември 1874, починал во Софија, 26 јули 1926, е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
Автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.
Мисирков бил свесен Македонец, а тоа го истакнувал во секоја прилика, посебно во неговите статии.
Добро утро Македонци, во продолжение денес наместо поезија има неколку цитати од Крсте Петков Мисирков:
„Да се откажит чоек от својо народен јазик, значит, да се откажит он и од народнијот дух. Со тоа само се објаснуат сакајн’ето и усилијата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат од својот јазик и да изучат на негоо место нивнијот; исто така со тоа се објаснуат упорството нa покорените народи да сочуваат сето своје дyxoвнo нapoднo наследство, а особито јазикот.“
„Како Македонци ние ќе ѝ бидеме пополезни и на Македонија, и на Бугарија, и на Србија, изопшто на целото Јужно-Славјанство, отколку како Срби или Бугари.
Како Бугарин јас одамна би кажал: Каква ти Македонија, и тука ми e арно, нема да мислам веќе на она што е загубено. Но како Македонец јас се чувствувам во Бугарија како во туѓина, каде што навистина се навоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да појде мојот син ако не ми биде мене судено да појдам јас лично.
Сознанието и чувството дека сум Македонец треба да стоат повисоко од сѐ дpyгo на светот. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја имаме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…